DIPLOMATSKO

ГЕНОЦИД

ОН и државите членки ја покажаа својата способнсот за изготвување на нови мултилатерални пристапи кон заканите со пролиферација и тероризам. Транснационалните договори и конвенции, како ad hog соработка како што е Иницијативата на сигутност на пролиферацијата или Глобалната иницијатива за борба против нукеарниот тероризам, резултираа со зајакнување на колективната безбедност. Но таквите промени за жал во мултилатералната допломатија кои го опфаќаат геноцидот не се појавија и покрај обемното стекнато знаење, основање на невладините организации (ПР. Меѓународната кризна група и Amnesty International), како и транснационалното влијание што геноцидот го врши нашата меѓузависна – глобализирана средина. И покрај сето тоа, способноста на меѓународната заедница немаше капацит за запирање на геноцидот.

Геноцидот е дефиниран во универзално обврзувачката Конвенција за спречување и казнување на кривичното дело геноцид (од 1948 год). Според оваа Конвенција геноцидот претставува злосторство кое вклучува умисла како субјективен елемент за потполо или делумно да се уништи одредена национална, етничка, расна или верска група, преку: убиство на членови на групата, намерно изложување на групата на такви животни услови кои водат кон нејзино потполно или делумно физичко уништување, мерки насочени кон спречување на раѓање во рамките на групата или принудно пренесување/преместување деца од една во друга група. Државите предходно ја контролираат инфраструктурата које е неопходна за вршење на геноцид, врз подгрупа од своето сопствено население. Набрзо ООН формираја Подкомисија за спречување на дискриминација и заштита на малцинствата,  во рамките на Комисијата за правата на човекот. Комисијата за правата на човекот во 1967 год ќе ги стави прекршувањта на правата на човекот на својата агенда, и ќе назначат работни групи чија надлежност е утврдување на фактите. Работните групи во рамките на на Економскиот и Социјален совет на ООН и Комисијата за правата на човекот изготвија студии во кои се наведуваат показателите за навремено предупредување за престоен геноцид и се упатуваат пораки за посодветни активности и итни процедури во 1993 год. Во меѓу и понатаму се вршеше геноцид во Бангладеш, Кампучија, Руанда и поранешна Југославија. ООН во сите овие случаи согласно одредбата од својата Повелба за заштита на суверените права на државите за управување, често во извештаите во кои беа содржани обвиненеија за убиства од големи размери во граѓански војни, беа ограничени да превземат дејствија, односно не смееја да интервенираат. Во 1981 год експертот за правата на човекот Лео Купер ги осуди ОН за недосаток на морално раководство. И покрај многубројните медиумски објави и реагирањето на невладините организации за неописливите масакри, ОН можеа само да одобрат иницијатива за интервенција, како што во 1991 год Курдите од северен Ирак добија заштиата од Садам Хусеин во зоната за забранети летови која беше под раководство на коалицијата предводена од САД, кој ги истера силите на Ирак од Кувајт. ОН реагираа на тој начин што основаа меѓународни кривични судови за Руанда и Југославија, со надлежност за покренување на обвиненија за кривични дела против човештвото.

Во 1999 год Србија размести трупи и тенкови кон Косово, со што го прекрши договорот од 1998 год преговаран од страна на Ричард Холбрук да не се превзема таква акција.Започна бегалска криза, односно жителите од Косови прибегнуваа кон Албанија и Косово. Тогашниот Претседател на САД Бил Клинтон сметаше дека започна уште едно етничко чистење. Админисрацијата на Клинтон ги убедеи членките на НАТО како свои сојузници да извршат серија бомбашки напади врз Белград со цел Србите да се повлечат од Косово и да дозволат бегалците да се вратат во своите домови. Во контекст на тој предлог, Клинтон изјави “Доколку светската заедница има моќ да го спречи тоа, мора да се сопре геноцидот и етничкото чистење.”  Исто така Клинтон ја изрази нормативната вредност која е над државниот суверенитет, како и моралната вредност за спречување на хуманитарна катастрофа. СО тоа започна распадот на суверенитетот која беше препрека за делување. За време на воениот конфликт во Косово повеќе од 100 000 луѓе загинаа, а скоро сите 850 000 се вратија во своите домови.